Ајнштајн – Ако Бог го создал светот, сигурно не сакал да го направи лесно разбирлив за нас

Ajnshtajn.jpg

НА АУКЦИЈАТА ВО ЕРУСАЛИМ БЕШЕ ПРОДАДЕНО ПИСМОТО НА ГОЛЕМИОТ НАУЧНИК ЗА 210.000 ДОЛАРИ

Писмото кое го напиша Алберт Ајнштајн за Господ, Израел и физиката, беше продадено за, ни повеќе ни помалку, 210.000 долари на аукцијата во Ерусалим, а најголемата цена достигна, онаа за создавањето на светот.

Писмата напишани на англиски јазик од 1951 до 1945 година, со потписот на Ајнштајн, беа продадени од страна на аукциската куќа Winners, која повторно ја процени нивната заедничка вредност меѓу 31.000 и 46.000 долари.

Најмногу, 84.000 долари, беше понудено за писмото на еминентниот физичар Давид Бохму, пренесуваат израелските медиуми. Во него Ајнштајн напишал дека „ако Бог го создал светот, неговата прва грижа сигурно не била да го создаде лесно разбирлив за нас“. Напишано е во 1954 година, ден пред смртта на самиот Ајнштајн.

Другото писмо беше продадено за 50.400 долари, а Ајнштајн дискутирал за врската која неговиот колеџ ја воспоставил меѓу квантната теорија и релативистичката теорија на полето.

„Морам да признаам дека не сум способен да погодам како таквата врска може да се постигне“, напиша во писмото кое било пишувано на една машина за пишување, а во кое стои и една равенка нашишана чисто со рака и потпис на самиот автор.

Бохм кој е роден во САД работел со Ајнштајн на Универзитетот во Принстон, пред да побегне во Бразил, по што ја изгубил својата положба за време на ловот на вештерки, на сенаторот Џозеф Мекарти.

Во писмото од 1953 година, Ајнштајн ги споредува „моменталната состојба на свест“, во Америка, за време на прогонот на комунистите, со паранојата во Германија на почетокот на 20 век, за време на владеењето на Каисер Вилхелм II.

Израелскиот илузионист и маѓионичар Ури Гелер, го купил писмото од 1954 година, во кое Ајнштајн дискутира за можното преселување на Бохм во Израел.

„Израел е интелектуално жив и интересен, но има многу малку можности, и одењето таму, без намера да го напуштиш во првата прилика, би било за жалење“, наведува тој.

Бохм станал гостински професор на познатиот Технолошки институт, Тецхнион во Хаифи во 1955 година и после две години се преселил во Англија.

Самиот Ајнштајн ја одбил понудата во 1952 година да стане претседател на Израел, но беше во првиот управен одбор на Хебрејскиот Универзитет во Ерусалим и по неговата волја, ги оставил своите белешки во таа установа.

Аукциската куќа изјави дека писмата биле во сопственост на покојната вдовица на Бохм.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail