Акција во градската библиотека: „Подари – размени книга“

knigaa.png

Во чест на 2 април, Светскиот ден на литературата за деца, втора година по ред студентите од Факултетот за странски јазици при ФОН и НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид заедно во акцијата „Подари – размени книга“.

Од 2 до 5 април книги ќе разменуваат ученици од петтите одделенија од сите основни училишта од општините Охрид и Дебрца.

Идејата е преку размена на книгата читателите да дојдат до нови интересни четива и сознанија и како што често се вели – да им се отворат нови светови.

Вработените на ФОН универзитетот деновиве се вклучени во акцијата за собирање книги кои ќе бидат разменени а подоцна донирани. Колку книги што ќе донесат учениците на размена, толку ќе може да си понесат за себе. Останатите ќе ги задржи библиотеката и ќе ги донира постепено на оние на кои им се потребни.

„Прличевата одаја “ во библиотеката од вторник до петок следната недела ќе биде отворена од 10 до 15 часот за размена на книги.

Дојдете заеднички да ја споделиме радоста на читањето и размената на книги, порачуваат од НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид и ФОН.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail