Ако обожувате да патувате: Ова се идеални професии за вас!

1297080829oasis-of-the-seas-royal-caribbean.jpg

Блогер или влогер за патувања

Ако имате голем број на следбеници на Јутјуб каналот или блогот, со помош на познати брендови кои го сакаат вашето промовирање можете да заработите доволно пари за патување на далечни дестинации.

Пилот / стјуардеса

Ако сакате секој ден да бидете во друга странса држава, станете пилот или стјуардеса. Само имајте во предвид дека поради густиот распоред некогаш нема да имате време да ја разгледате посакуваната дестинација

Готвач

Врвните професионалци во кујна се многу барани, па не е чудо што многу готвачи патуваат низ светот работејќи во познати хотелски ланци и одмаралишта.

Работа на брод

Работата на брод е најдобрата шанса за да патувате низ светот, а уште и да ви плаќаат за тоа. За оваа авантура не мора да бидете морнар. На бродот можете да миете садови, да ги послужувате гостите, да им пеете… можностите се големи.

Археолог

Ако сте љубител на старите цивилизации, запишете се на археологија. Оваа работа ќе ве одведе на атрактивни дестинации ширум светот, а за ова искуство ќе бидете и платени.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail