bamboo-coffee-cup-e1564524356443.png

Чашите од бамбус се популарни затоа што, како што тврдат производителите, се нежни кон околината и може да се употребат повеќе пати и не треба да се фрлат како пластичните чаши за еднократна употреба секогаш кога ќе се нарача кафе за носење. Но, сепак, изгледа и тие се штетни по здравјето.

Неодамна експерти спроведоа истражување и утврдија дека кафето испиено од чаша од бамбус честопати содржи значителна количина на меламин, кој е опасен спој со жешкото кафе. Германското списание за истражување на потрошувачите Stiftung Warentest утврди дека повеќе од половина од бамбусовите чаши содржат траги од штетната пластика. Тоа значи дека секој што пие кафе од бамбусови чаши ја пие и опасната пластика.

Причината лежи во тоа што фино сомелените бамбусови влакна имаат потреба од некаков вид на лепило кое се користи за чашите да добијат облик, а тоа најчесто е меламинската смола. Ак0 пластиката се обработи убаво и ако никогаш не е изложена на температура повисока од 70 степени Целзиусови, нема да се пренесат никакви штетни материи во пијалакот, велат испитувачите.

Но, вообичаената температура на кафето надминува 70 степени Целзиусови кога се става во чашата. Формалдехидот е втората состојка пронајдена во чашите, а може да ги надразни очите, кожата и дишниот систем, па дури и да предизвика рак. Постојат сомненија дека меламинот може да биде виновникот за болестите на мочниот меур и на бубрезите.

Авторите на истражувањето ги критикуваат производителите на таквите чаши поради мамењето на потрошувачите. Некои производители наведуваат дека нивните чаши се биоразградливи. Меѓутоа, тоа не се однесува на чашите збогатени со пластика. Рециклирањето, исто така, е отежнато затоа што мешавината не може да се разложува на основните состојки.

Заклучокот на потрошувачите е наместо чаши од бамбус, да си купат чаши од некој друг материјал за повеќекратна употреба како што се порцелан или полипропилен.

извор: иновативност.мк

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail