Актерот Бајруш Мјаку го посети УЈИЕ и ја донираше книгата „Мудрост и глупост“

Akterot-Bajrush-Mjaku-go-poseti-UJIE-i-ja-donirashe-knigata-Mudrost-i-glupost.png

Актерот Бајруш Мјаку го посети УЈИЕ и ја донираше книгата „Мудрост и глупост“

Познатиот албански актер и творец, Бајруш Мјаку, денес (3. февруари 2021 година), го посети Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово и во оваа прилика на Универзитетската библиотека „Макс ван дер Штул“ и подари неколку примероци од неговата најнова книга „Мудрост и глупост “. Меѓународно реномираниот актер, Бајруш Мјаку оствари средба со ректорот акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, со кого, во пријателска атмосфера, разменија мислења за образовните актуелни настани, но и за театарската култура.

Ректорот Беџети во знак на почит му додели благодарница на актерот Бајруш Мјакут од името на Универзитетот на Југоисточна Европа во знак на почит кон гестот, но и за неговиот придонес како истакнат актер на албанскиот театар воопшто.

„Мудрост и лудост“, е најновата книга на Бајруш Мјаку, која е опишана како вистинска монографија на Албанскиот театар во Скопје, но и како автобиографија на авторот, кој ги зачувал сите документи и ги обележал сите настани за неговата работа во овој театар и пошироко.

Извор: УЈИЕ

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail