Активна состојка која може да го забави процесот на стареење

stareene.jpg

Американски научници откриле дека едно соединение може да ни помогне да го забавиме процесот на стареење така што ќе го забрза нашиот метаболизам, зголемувајќи го нивото на енергија и подобрувајќи ја чувствителноста на инсулин.

Станува збор за никотинамид мононуклеотид (НМН), кој може да се најде во зеленчукот и овошјето, а исто така и нашето тело природно го произведува. Истражувањето направено на животни потврдило дека ова соединение навистина има антиејџ ефект, и сега научниците планираат да продолжат со истражувањата кои ќе се направат на луѓе. Она што научниците го откриле е дека НМН имал ефект само на повозрасните животни.

Причина за тоа е фактот дека количината на НМН во организмот се намалува со текот на годините, така што на старите животни ова соединение навистина им било потребно, и како резултат на тоа кај нив е забележано зајакнување на организмот и покачување на нивото на енергија.

Никотинамид мононуклеотид е најмногу сконцентриран во домати, авокадо, брокула, зелка, краставица и грав.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail