Алцхајмеровата болест не ги уништува сеќавањата, само ги блокира

alh.jpg

Научниците од Универзитетот Колумбија преку една студија откриле дека сеќавањата кај глувците со Алцхајмерова болест можат оптогенетички (со употреба на светлина) да се повратат, што го менува досегашното разбирање на болеста дека таа ги уништува сеќавањата, кон концептот дека таа едноставно ги нарушува механизмите за нивното отповикување.

Резултатите биле добиени преку компарирање на здравите глувци со оние кои ја имале болеста: прво, деловите од нивните мозоци биле модифицирани да светат жолто за време на складирањето на сеќавањата, и црвено за време на нивното отповикување. Потоа, тие биле изложени на мирис од лимон проследен со електричен шок, кој што ги поврзувал двете сеќавања.

Една недела подоцна, повторно биле изложени на мирисот на лимон – жолтото и црвено осветлување на мозоците на здравите глувци се преклопувало и тие покажувале страв, покажувајќи дека пристапувале кон вистинските сеќавања, додека мозоците на глувците со Алцхајмерова болест светеле во различни реони и тие биле индиферентни, покажувајќи дека отповикувале информации од погрешни секции на мозокот.

Тимот истражувачи воден од Кристина А. Дени потоа користеле кабел со оптички влакна да ги осветлат мозоците на глувците со син ласер, со кој што успешно ги „реактивирале“ сеќавањата на лимонот и електричните шокови, и предизвикале глувците кои претходно не реагирале на мирисот да се вкочанат кога повторно го почувствувале.

Ова истражување има потенцијал да ги револуционизира истражувањето и третирањето на Алцхајмероавата болест, што може да води до развивање на нов лек кој би помогнал со повторно отповикување на сеќавањата.

Едно од поважните прашања во однос на оваа студија е дали мозоците на глувците со Алцхајмерова болест се доволно слични со човечките, за да резултатите се медицински вредни. Луѓето губат многу повеќе неврони отколку глувците како резултат на болеста, па така кај нас би било многу потешко да се таргетираат специфични сеќавања бидејќи мозоците ни се далеку покомплексни.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail