Александар Адамовски има два факултети а повеќе од 10 години е само заменски наставник

aleksandar.jpg

Предавал во 15 битолски училишта, 6 средни, 9 основни. Работи и волонтерски, организира многу настани за битолските училишта, но, за жал, и покрај неговата огромна посветеност и љубов кон оваа професија, сѐ уште е без работа

Секогаш заменски, никогаш редовен. Нема кој не го познава овој млад професор по македонски јазик и литература, кој за речиси 10 години предавал во 15 битолски училишта, 6 средни, 9 основни. Часови држи и волонтерски, организира многу настани за битолските училишта, завршил два факултета, но, за жал, и покрај неговата огромна посветеност и љубов кон оваа професија, сѐ уште е без работа. Иако прошетал во толку многу училишта, има работен стаж од само две и пол години. Со битолчанецот Александар Адамовски разговаравме за наставничката професија и за сите предизвици со кои се соочува како млад човек кој секогаш наоѓа начин да си ја работи работата што му е пасија.

Тој ни објасни дека на пократок или на подолг временски период заменувал колеги отсутни од оправдани причини и вели дека тоа го правел и го прави со огромно задоволство и посебна чест. Сега е без работа.

– Покрај замените што се случувале за подолг временски период со договори, јас многу повеќе сум одржувал волонтерски часови. Благодарен сум им на сите мои почитувани колеги наставници, професори, кои секогаш ми излегле и ми излегуваат во пресрет кога сакав и сакам кај нив да одржам наставни часови. A исто така и до директорите на училиштата кои ми излегоа и ми излегуваат во пресрет. Сметам дека колегијалноста е потребна и важна во училишниот живот и воопшто. Затоа и треба да се почитува. Оттука, нормално дека ваквите ситуации, до решавање на моето егзистенцијално и професионално прашање, вродуваат само желба и интерес да се биде и остане во училишната средина, во училишните ходници и секако во училницата. Не, во ниту еден случај не ме фрустрира оваа ситуација, напротив, останувам позитивен и верен на чувството наречено страст кон професијата, кон учениците и нормално доследен во правецот на разбирање и почитување кон колегите во еден наставнички колектив – вели Адамовски.

ПОВЕЌЕ НА ФАКУЛТЕТИ.МК

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail