Александра Митева со уметнички мозаик победи на Ротари конкурс во Италија

miteva.jpg

„Тарот карта според Равена“ е темата на која е изработен мозаикот на Александра, на кој конкурирале стотици уметници, а во финале учествувале само десет уметници чии идеи се избрани за изработка на мозаик во рок од два месеца…

Дваесетгодишната Александра Митева од Виница победи во финалето за избор на најдобар мозаик на конкурс на Ротари Клубот во Равена, Италија.

„Тарот карта според Равена“ е темата на која е изработен мозаикот на Александра, на кој конкурирале стотици уметници, а во финале учествувале само десет уметници чии идеи се избрани за изработка на мозаик во рок од два месеца.

Од страна на Ротари клубот како прво наградена таа доби 1.000 евра, а 1.000 евра доби и Академијата во Равена.

Митева е прва година на Академијата во Равена каде се запишала по завршувањето на средно уметничко училиште во Скопје, основно во Виница. Во Италија добива и стипендија за школување. Нејзините успеси се зачеток на амбициозна уметничка кариера која веќе се потврди и со учество на неколку групни изложби во Равена.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail