Граѓани самоиницијативно собираат пари за да го намалат големиот државен долг

malezija.jpg

Малезијците нашле прилично необичен начин за намалување на јавниот долг. На државата, чиј долг изнесува речиси 80 проценти од БДП, одлучиле да и помогнат со своите пари преку кампањата Crowdfunding. Уште првиот ден собрале близу два милиони долари, иако тоа е буквално сламка во пласт сено, бидејќи националниот долг на Малезија е повеќе од 250 милијарди долари.

Граѓаните доброволно ги делат нивните пари со владата за да ни помогне да го решиме овој тежок товар, изјави министерот за финансии, Лим Гуан и додаде дека овој метод на „собирање пари е систематски и транспарентен“.

Во првиот ден од кампањата собрани се 1,8 милиони американски долари, а ББЦ пишува дека овој вид на помош подсетува на доцните 1990-ти, кога жителите на Јужна Кореја стоеја во редови да ги донираат венчалните прстени и останати вредности и така и помогнаа на паднатата на коленици национална економија во текот на финансиската криза во Азија.

Иако меѓу Малезијците владее оптимизам, економските експерти не се толку ентузијасти во врска со овој начин на враќање на огромниот долг и предлагаат поефикасни начини, како што се плаќањето даноци и купување на домашни производи.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top