Алка за полнење мобилен телефон – најдобар бизнис план

133939649-148085.gif

Алка која ја претвора енергијата од движење во електрична за полнење мобилен телефон е првонграден план на бизнис натреварот на средношколци кој се одржува во пресрет на „Самитот на Македонија 2025“.

Проектот за производство на електрична енергија во движење, изработен од четиричлен тим од гимнзијата „Гоце Делчев“ од Куманово, победи во конкуренција на повеќе од 40 бизнис идеи.

– Енергијата додека се движиме преку алката што всушност е нашиот бизнис модел се претвора во електрична и засега може да се користи за мобилен телефон, а понатаму сакаме да се користи и во други електрични уреди – изјави Јована Станковска, член на победничкиот тим.

За почеток на бизнисот, како што вели, ќе им бидат потребни 15.000 евра, од кои 5.000 евра бараат од инвеститори кои би добиле 35 проценти од компанијата.

Второнаграден е бизнис планот за производство на гранули од ајдучка трева, подготвен од тим од средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“

–  Ова не е само производ со кој сакаме да му помогнеме на населението за подбрување на здравјето, туку и поради тоа што Македонија се соочува со миграција на младите, сакаме да ги вработуваме во нашите капацитети – изјави Вероника Становеска, од второнаградениот тим.

Крис Павловски,  извршен директор на „Rumble“, Канада, и член на Одборот на директори на „Македонија2025“ оцени дека жирито имало исклучителна тешка работа со оглед дека на натпреварот биле презентирани разновидни и интересни идеи.

– Сите идеи се изводливи и останува да се види прашањето на финансиите – изјави Павловски, псоочувајќи дека веќе има интерес за некои од презентираните.

За победниците на средношколскиот натпревар е предвидена симболична награда од 1.500 долари.

Во вториот дел од натпреварот во трка се реални бизнис планови на старт ап фирми. Осумте финалисти ќе ја претставуваат Македонија во финале во Брисел во март следната година.

Извор: НОВА МАКЕДОНИЈА

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail