Алкохолот ја подобрува меморијата

wine-drinking-memory.jpg

Истражување на научниците од Универзитетот на Ексетер во Англија потврдија дека консумацијата на алкохол може да ја подобри меморијата, соопшти УПИ.

Истражувањето опфатило 88 лица, кои умерено употребуваат алкохол. Учесниците биле поделени на две групи и имале за
задача да паметат зборови.

Учесниците во првата група можеле да консумираат колку сакаат алкохол, додека на оние во втората група не им било дозволено да пробаат алкохол.

Следниот ден истата задача била доделена на сите учесници. Се покажало дека оние кои консумираат алкохол се сеќаваат повеќе од наученото порано во споредба со оние кои воопшто не пиеле алкохол.

„Истражувањето не само што открива дека оние кои консумираат алкохол се справуваат подобро со задача да запаметат зборови, но и дека ефектот е посилен меѓу оние кои пијат повеќе“, рече проф. Силија Морган од универзитетот.

Станува збор за првата студија што го тестира ефектот од алкохолот врз меморијата во природна околина, а не во лабораториска средина.

„Причините за овој ефект не се целосно разјаснети, но објаснувањето е дека алкохолот го блокира учењето на нови информации и на тој
начин мозокот има повеќе ресурси за да складира неодамна научени информации во долгорочната меморија“, појасни Морган.

Научниците предупредуваат дека ограничениот позитивен ефект треба внимателно да биде проценет во согласност со утврдениот негативен ефект од прекумерна употреба на алкохол врз меморијата, менталното и физичкото здравје.

Резултатите од истражувањето се објавени во Scientific Reports.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail