Алтернатива на морфиум без несакани ефекти

mor.jpg

Интернационален тим од научници развиле нов лек за блокирање на болката, но кој не предизвикува несакани ефекти кои вообичаено се поврзани со останатите лекови против болки.

Лекот кој се води под шифра PZM21 е создаден да се закачи на рецепторите за морфиум во мозокот и да ја намалува болката, но без понекогаш смртоносните несакани ефекти на морфиумот, како што е отежнатото дишење.

PZM21 сега засега е тестиран само врз глувци, но според резултатите е најдостојна замена за морфиумот која што е пронајдена досега

Тимот го откриле овој кандидат за лек по ригорозно тестирање преку компјутерски симулации, со кои биле направени околу 4 трилиони „виртуелни експерименти“ во лабораторијата, за да се види какви молекули најдобро одговараат на атомската структура на мозокот во неговите му-опиоидни т.е морфински рецептори.

По овие симулации, биле откриени 23 молекули кои успешно ја блокирале болката без да предизвикуваат тешкотии во дишењето или запек, што е уште еден несакан ефект на опиоидите. Потоа од нив биле одбрани најпотентните, кои биле оптимизирани со тоа што за 1000 пати им се зголемувала молекуларната потенција за врзување, а сето тоа резултирало со PZM21.

Кога бил тестиран врз лабораториските глувци, лекот делувал така што ја намалувал болката на ниво слично како што тоа го прави морфиумот, а не само што несаканите ефекти биле значително редуцирани, туку истражувачите откриле и дека лекот не создава голема зависност бидејќи не ги активира системите во мозокот за ослободување на допамин.

Сега дел од истражувачите формираат нова компанија која треба понатаму да ја рафинира и тестира хемикалијата, со надеж прво за тестирања врз луѓе, а потоа и за нејзина комерцијализација, што е можно да се случи во наредните 5 до 10 години.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail