Амазон развива систем за плаќање со скенирање на дланка

palm-scanning-696x385-1.png

По интернет се шират информации дека продавниците на Amazon и другите трговци кои соработуваат со компанијата ќе користат систем за плаќање со скенирање на дланка. Кредитната картичка или податоците за сметката ќе бидат поврзани со дланката, па кога ќе плаќате ќе треба само да ја покажете дланката, која ќе биде скенирана и тоа е се.

Терминалите наводно ќе може да се користат во секоја продавница, не само во тие кои се во сопственост на Amazon. Уште во септември минатата година се појавија информации дека во продавниците кои се сопственост на Amazon како што е Whole Foods ќе биде воведен таков систем, со кој времето на плаќање треба да се намали на само 300 милисекунди.

Amazon уште во 2018 година поднесе патент за систем за бесконтактна биометриска идентификација, кој вклучува скенер за дланките. Скенерот треба да ги отчитува и брчките на дланките и вените на рацете, а ќе биде поврзан со кредитна картичка или друг начин на плаќање. Со тој систем нема да мора да се допира некаква површина како што е случај со Touch ID на iPhone.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail