Амбасадата на Кралството на Холандија, собира апликации за позицијата Помлад соработник

logo-netherlands-embassy.jpg

ПАВ Мотиви, во име на Амбасадата на Кралството на Холандија, собира апликации за позицијата Помлад соработник, со уникатна можност за работа и развој на кариерата. Договорот е од привремен карактер, за период од 6 месеци, почнувајки од 15-ти Октомври 2018.

Профил на кандидатот:

  • Да e неодамна дипломиран по Економски науки, (по можност е-бизнис) или компјутерски науки;
  • Искуство во администрирање, мигрирање и надградба на веб портали;
  • Да е способен независно да истражува, да пишува анализи и извештаи и да комуницира јасно и концизно во писмена форма,
  • Добри ИКТ способности, вклучувајќи работење со Outlook, Word, Excel, WordPress и способности за пребарување и користење на податоци на интернет; активен корисник на социјални медиуми; Способност за истражување и самостојно пишување анализи и извештаи, со висок степен на независност и јасно и прецизно комуницирање во писмена форма;
  • Добри познавања од областа на економијата/деловната средина и економските трендови во земјата и регионот.
  • Да има одлични познавања од англискиот и македонскиот јазик, усно и писмено.  Познавањето на албанскиот јазик ќе се смета за предност.

Опис на работното место:

  • Миграција на веб порталот Balkan Business Hub;
  • Администрација, одржување и промоција на Balkan Business Hub и поврзаните социјални медиуми (FB, LinkedIn)
  • Генерирање на содржини за Balkan Business Hub;
  • Асистирање на РЕТ во организирање на настани и трговски мисии во Македонија и Косово;
  • Собирање, анализа и известување на дневна основа, како и по барање.
  • Истражувања поврзани со интересот на холандски компании и македонски компании во случај на увоз на холандски производи и нивна администрација во CRM;
  • Превод на релевантни вести, статии и други материјали;
  • Следење на дневниот печат и изготвување резиме на статии за теми поврзани со економијата и трговијата;
  • Истражување на компаниите и анализа на профили;
  • Извршување на административни задачи;
  • Друго.

Кандидатите кои ги исполнуваат критериумите треба да пратат CV (Еuropass format) и мотивационо писмо на kariera@motivi.mk. Крајниот рок за аплицирање е 17.09.2018. Само најдобрите кандидати кои имаат целосна апликација (CV и мотивационо писмо) ќе бидат контактирани за следната фаза на селекција.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top