Амбасадата на Кралството на Холандија вработува Помлад соработник

Embassy-of-the-Kingdom-of-the-Netherlands.jpg

АПВ Мотиви, во име на Амбасадата на Кралството на Холандија, прибира апликации за позицијата Помлад соработник, со уникатна можност за работа и развивање во кариерата. Договорот е од привремен карактер од 6 месеци, почнувајки од 1ви Септември.

 

Профил на кандидатот во прилог:

  • Да e неодамна дипломиран или е студент во последна година од студиите по Економски науки,
  • Да е способен независно да истражува, да пишува анализи и извештаи и да комуницира јасно и концизно во писмена форма,
  • Да има добри ИЦТ способности, вклучувајќи работење со Outlook, Word, Excel, WordPress и способности за пребарување и користење на податоци на интернет,
  • Да има добри познавања од областа на економијата/деловната средина и економските трендови во земјата и регионот,
  • Да е активен корисник на социјалните мрежи, со познавања за е – бизнис, администрирање и одржување на веб страници, профили, блогови итн., што ќе се смета за значителна предност,
  • Да има одлични познавања од англискиот и македонскиот јазик, усно и писмено.  Познавањето на холандскиот или албанскиот јазик ќе се смета за предност.

Во прилог е описот на работното место:

  • Асистирање на Службеникот за Регионална економија и трговија во организирање на саеми и трговски мисии во Македонија и Косово
  • Собирање, анализа  и известување на дневна основа, како и по барања
  • Подготвување на прегледи на пазарот за различни сектори на индустријата
  • Истражување на барања за трговија од холандски компании и македонски компании во случај на увоз на холандски производи
  • Одржување, редовно ажурирање и промоција на социјални мрежи
  • Создавање содржини за онлајн портали и социјални медиуми
  • Превод на важни вести, написи и други материјали
  • Следење на дневниот печат за економија и други поврзани теми
  • Истражување на компании и анализа на профили
  • Администрирање на барања за трговија во ЦРМ системот
  • Асистирање и логистичка поддршка во спроведување на проекти
  • Извршување на административни задачи
  • Друго

Кандидатите кои ги исполнуваат критериумите треба да пратат CV (Еuropass format) и мотивационо писмо на [email protected]. Крајниот рок за аплицирање е 10.08.2017. Само најдобрите кандидати кои имаат целосна апликација (CV и мотивационо писмо) ќе бидат контактирани за следната фаза на селекција.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail