Амбасадорот на Италија во посета на УГД

1-4.jpg

Амбасадорот на Италија во Република Северна Македонија, Н.Е. Андреа Силвестри денес оствари средба со ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев и со деканката на Филолошкиот факултет проф. д-р Драгана Коцева Кузмановска и со наставниот кадар и студентите од Катедрата за италијански јазик и книжевност.

На средбата се договорија идни соработки меѓу двете институции, но и воспоставување соработка со италијански универзитети.

Ние и до сега имаме одлична соработка со италијанската амбасада, а во иднина планираме и да ја прошириме таа соработка со други институции и универзитети од Италија. Како што знаете ние имаме студиска програма и меѓу другите програми доделуваме и десет стипендии за оваа студиска програма, истакна деканката проф. Кузмановска.

Филолошкиот факултет има студиска програма по Италијански јазик на која моментално има околу 30 запишани студенти.

Задоволни сме од досегашната соработка и ние сме посветени оваа соработка да продолжи и во иднина, истакна амбасадорот на Италија во Македонија, Андреа Силвестри.

После средбата амбасадорот оствари средба со студентите и ги запозна со можностите кои им ги нуди италијанската амбасада.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail