rusin.jpg

Директорот на „Роскосмос“ изјави дека Соединетите американски држави ја замолиле руската страна да направи верзија на вселенскиот брод „Сојуз“ кој би можел да лета до месечината.

-Токму денеска Американците инсистираа да продолжиме со летовите на Сојуз со американски астронаути. Дури не молат да направиме верзија на „Сојуз“ која би можела да оди до Месечината и назад, со цел да се направи друг резервен космички транспортен систем, изјавил Рогозин на Телевизијата „Русија 24“

Во пролета во 2018 САД им понуди на Русија да произведе модул за орбиталната станица „ Gateway” за излегување на екипажот во отворен космос. Требало да ги задоволи американските стандарди и да се вклопи во стандарди на НАСА.

Рогозин воедно истакнал дека Русија може да учествува на проекти но само под еднакви услови.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail