Америка гради моќно сонично оружје во страв од Русија и Кина

oruzje.jpg

Пентагон започнал нов воен проект со кој треба да се обезбеди развој на сонично оружје кое ќе биде контра тежа на технологијата со која веќе располагаат Русија и Кина, со што се очекува САД да влезе во нова трка за вооружување, но овој пат со доста специфичен производ.

За оваа цел е ангажирана компанијата „Raytheon“ која ќе го развива оружјето за што ќе имаат рекорден профит.

„Спротиставувањето на чистите закани за нацијата со напредна технологија е рапидно поле за развој на „Raytheon“, посебно во делот од бизнисот кој е гласифициран. Моќните земји работат напорно за да ја намалат разликата со можностите на САД, што значително ја зголемува побарувачката од американските нарачатели“ се пофали Том Кенеди, претседавачот на „Raytheon“ и главен извршен директор.

„Raytheon“ работи на развој на ракети и е еден од лидерите на тоа поле, а сега ќе развива суперсонични системи кои треба на Пентагон да му донесат такттичка и технолошка предност пред сличните системи на Русија и Кина.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top