roboti.jpg

Агенцијата за истражување при Пентагон потврди дека ќе бидат инвестирани две милијарди долари во вештачка интелигенција со цел да се развијат машини кои ќе бидат способни сами да учат и да донесуваат сопствени одлуки.

Овие финансиски средства ќе овозможат финансирање на 20 веќе започнати проекти, а ќе бидат стартувани и други во следните 12 месеци, изјави директорот на агенцијата, Стивен Вокер.

Тие инвестиции се наменети за „трансформација на компјутерите од специјализирани алатки во партнери за решавање на проблемите“, изјави Вокер.

„Сакаме да ги истражиме начините на кои што машините можат да совладаат вештини за резонирање, машините да станат способни да препознаат одредена ситуација или опкружување, промената во него и да се прилагодат на сето тоа“, додаде тој.

Како што пренесуваат американските медиуми, речиси најголемиот дел од проектите ќе бидат сконцентрирани на развој на вештачка интелигенција која ќе биде имплементирана во веќе напредните американски дронови, од кои што се очекува во иднина да можат да вршат автономни, односно самостојни операции, сами да избираат мети и да одлучат дали да нападнат, или не.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail