Американка која сака да патува стана најмладата личност која ги посетила сите држави во светот

devojka.jpg

Последната станица ѝ била Северна Кореја. Американката Лекси Алфорд има само 21 година, а неодамна добила и титула. Таа е најмладата личност која ги има посетено сите држави во светот.

Лекси на 2-ри јуни објавила фотографија на својот Инстаграм профил со опис „Сега официјално ги посетив сите земји во светот“. На фотографијата девојката држи лист хартија на кој е напишано „Северна Кореја“, 31-ви мај 2019-та година, држава #196“.

Тоа значи дека Северна Кореја ѝ била последната станица, а таа го срушила рекордот.

Нејзиниот сајт со гордост го истакнува бројот 196 како број на држави кои што Лекси ги посетила, од друга страна пак, бројот на земји кои одсега треба да ги посети се спуштил на нула.

Оваа авантуристка не само што го документирала нејзиниот потфат на својот блог туку направила и низа восхитувачки фотографии и ги ставил на Инстаграм.

Во овој момент оваа девојка на Инстаграм има 63.000 следбеници и над 400 објави.

Ги посетила и Ангелските водопади во Венецуела, Мадагаскар, Туркменистан па дури и Припјад, градот во Украина во кој се наоѓа нуклеарната
електрана Чернобил.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail