Американски научник: Вонземјаните се само раселени земјани

vonzemjani.jpg

Џејсон Врајт – американски вселенски научник и професор по астрономија и астрофизика на државниот универзитет во Пенсилванија, тврди дека напредните форми на живот може да се реалност, но дека исчезнале многу одамна.

Во неговиот текст објавен во „arXiv“, наречен „Претходни домородни технолошки видови“, тој тврди дека е можно древни „технолошки видови“ да живееле на Земјата милијарди години пред човечката раса. Ако не на Земјата, тврди Врајт, тогаш на Венера, пред да стане „стаклена градина“, или на Марс, додека уште имало вода.

Врајт тврди дека самиот факт што Земјата поддржува комплексен живот, најочигледното потекло за било каков друг претходен вид на живот е токму таа.

„Денешна Венера би била ужасен кандидат за технолошки видови, со просечна температура над 700 Келвини (~427°C), иако кога се работи за вонземски живот, треба да сме со отворен ум дури и за такво нешто“.

Врајт верува дека древните видови исчезнале, но дека во минатото сме можеле да најдеме траги од нив во подземјето, кои тој ги нарекува technosignatures (од signature – потпис, карактеристичен траг). Денес, смета тој, најголем дел од физичките докази би биле изгубени.

На Венера, на пример, пристигнувањето на глобалниот стакленички ефект би можел да резултира со избивање на овие докази на површината. На Земјата би се случило обратното: движењето на тектонските плочи и – како резултат – ерозијата, би ги избришале евентуалните преостанати траги.

Без разлика, пишува Врајт, можеби сé уште е можно да се препознаат овие техносигнатури, дури и ако физичките докази се уништени. Со други зборови, структурите закопани под земјата би можеле да преживеат и да можеме да ги откриеме, под услов да не доживеале судир толку интензивен што комплетно ќе ја избрише нивната вештачка природа. За разлика од таквото уништување, „обично“ уништување би ги направило овие структури нефункционални, но сепак препознатливи како форма на технологија. Врајт смета дека и тие древни (вон)земјани можеби граделе подземни бази или ги граделе темелите на нивните структури под земја, од бројни причини, што би ги зголемило шансите за нивно „зачувување“ и можност да бидат откриени денес или во иднина.

Но сепак, Врајт смета дека ќе биде полесно да најдеме траги од тие древни видови на Месечината и Марс, бидејќи дури и да биле „родени“ на Земјата, тие технолошки видови секако ќе ги посетеле и соседните планети.

Нормално, идејата дека луѓето не се единствениот интелигентен вид што постои воопшто не е нова. И самиот Врајт признава: „идејата за домородни цивилизации на Марс преовладува во научната фантастика до степен на клише“. Сепак, идејата дека вонземските видови се веќе исчезнати е прилично неистражена во научното поле.

Но, кои би биле причините за нивното исчезнување од Земјата, Венера или Марс?

Врајт вели дека „најочигледниот одговор“ е катаклизма, „било да се работи за природен настан – како импакт од астероид со катаклизмични последици“, или за „самонанесена глобална климатска катастрофа“.

Што се однесува до Сончевиот систем, Врајт вели дека таков настан би можел трајно да ги збрише древните видови само ако имало многу катаклизми низ Соларниот систем, во „мали“ временски интервали, на пример: наезда на комети, или меѓупланетарни војни… а можеби и структури кои не биле самоодржливи (исцрпување на ресурси).

Од друга страна, и неочекуван наплив на гама зраци или супернова исто така би можеле да предизвикаат катаклизма на ниво на целиот Сончев систем. Дури и без катаклизма, древните видови можеби едноставно изумреле, или во одредена етапа преминале кон трајно и комплетно нетехнолошка форма на живот… или едноставно го напуштиле Соларниот систем засекогаш, од некоја непозната причина.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail