Американските работни места за Американци, австралијанските за Австралијанци

AMERIKANCI-I-AVSTRALIJANCI.png

Американските работни места за Американци, австралијанските за Австралијанци. Америка и Австралија драстично ги отежнуваат условите за добивање работна виза. Австралискиот премиер утрово преку фесбук ја соопшти одлуката на владата целосно да ги укине визите познати како 457 со кои во Австралија доаѓаа квалификувани работници од целиот свет. Земјата прави рез во имиграциската политика во обид да ги заштитти работниците- Австралијанци. Наместо оваа, ќе се издаваат две други видови визи на 2 и 4 години за кои ќе може да аплицираат само висококвалификувани работници од специфични области со одлично познавање на англискиот јазик.

Истовремено, слични мерки најавува и американскиот претседател Доналд Трамп. Со извршниот декрет кој најави дека ќе го потпише денеска, Трамп бара од Стејт департментот да ги засили критериумите за добивање американска работна виза H-1B за како што брифираат од Белата куќа да се овозможи отворање на повеќе работни места за Американците и истовремено да се зголемат нивните плати. Оваа политика е во рамки на програмата со која Трамп победи на претседателските избори насловена како Америка на прво место. Овој тип на визи ќе се бара да бидат доделувани само на најквалификуваните или на најдобро платените апликанти.

Зоран Кочовски кој со години посредува за вработување на македонски државјани во САД вели дека македонските квалификувани работници нема да бидат засегнати од новите имиграциски политики.

Темата имиграција е жешка и во кампањата за претседателските избори во Франција. Таму Ле Пен најавува целосна суспензија на легалната имиграција.

ВИДЕО НА СИТЕЛ

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail