Ампутирани двете дланки на момче повредено од петарда

petardiii.jpg

Четиринаесетгодишно момче остана без двете дланки по тешките повреди добиени од петарда. Лекарите морале да му ги ампутираат двете дланки, потдврдуваат од љубљанскиот клинички центар.-Момчето има повреди на лицето, очите и слухот, а повредите на рацете беа толку тешки што моравме да му ги ампутираме двете дланки, стои во соопштението.

Несреќата се случила во детската соба на момчето, каде што си играло со забранети пиротехнички средства и предизвикало експлозија на посилна петарда.

Лекарите велат дека пациентот е свесен и во стабилна состојба, но последиците ќе ги чувствува целиот живот.
-Кандидат е за пресадување. Го чекаме напредокот на медицината, велат лекарите.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail