Амстердам до 2030 година ќе биде град без бензински и дизел возила

Amsterdam-xlarge-e1518601100981.jpg

Автомобили и мотоцикли кои возат на бензин и дизел целосно ќе бидат забранети во Амстердам до 2030 година.

Градските власти планираат да го спроведат ова со цел да го намалат аерозагадувањето, кое се смета за главна причина за намалувањето на просечниот животен век на жителите на Амстердам за една година.

„Загадувањето е тивок убиец и една од најголемите здравствени опасности во Амстердам“, изјави Шарон Дајксма, советник одговорен за градскиот сообраќај.

За почеток, од следната година ќе бидат забранети сите дизелски возила постари од 15 години. Од 2022, јавни автобуси и камиони кои испуштаат издувни гасови нема да смеат да влезат во центарот на градот, што во 2025 година ќе биде проширено и на други, полесни превозни средства, дури и на вода. Според акцискиот план, до 2030 година целиот град треба да биде зона без издувни гасови.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail