T3U8G-tour-img-1499461-146-1.jpg

Амстердам прави се за да се избори со бројните туристи, или тоа само го користи за да се наполни градскиот буџет.

Туристичките такси во Амстердам се секако меѓу највисоките во Европа, а од наредната година ќе се најдат на прво место. Холандската престолнина ќе воведе дополнителни три евра за ноќевање во овој град.

Тоа значи дека таксата за ноќевање во хотел со една ѕвезда ќе биде поголема отколку ноќевање во некоја друга престолнина во хотел со пет ѕвезди.

Двокреветна соба со заедничка бања има такса од 16 евра по ноќевање и дополнителни три евра по лице за едно ноќевање, а во Берлин во луксузен хотел ноќевање во двокреветна соба има такса од 12 евра.

Во хотел со пет ѕвезди во Рим таксата изнесува 14 евра, што е моментално најмногу во Европа, но и тоа ќе биде помалку од таксата за ноќевање во хотел со една ѕвезда кога Амстердам ќе воведе зголемување на туристичкиот данок.

“Големиот број на туристи придонесува за големи трошоци за одржување на градот безбеден и чист, како и одржувањето на јавниот простор како тротоарите, кејот, мостовите и улиците во добра состојба”, рекол портпаролот на Амстердам.

Зголемување на туристичка такса најавила и Венеција и тоа во висина од 10 евра за оние кои доаѓаат на само еден ден, а за оние кои остануваат да преспијат нема да важи зголемувањето.

Градовите кои исто така се борат со преголем број на туристи се Барселона и Дубровник, но тие не најавиле пораст на цената на туристичката такса, пишува “CNN Travel”.

извор: точка.мк

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail