„Аномалии“ во однесувањето на честичките. Ќе доведат ли до нови закони во физиката?

e6aefba1dede28d9a5b8f20684cdd775_XL-640x422.jpg

Три нови научни откритија би можеле од темел да го разнишаат нашето рабирање за физиката на елементарните честички, а со тоа и сѐ што знаеме за Универзумот.

Во три различни експерименти, меѓу кои и еден спроведен во Големиот хадронски судирач, добиени се многу слични резултати.

Ова укажува дека основната претпоставка на стандардниот модел- лептонската универзалност би можела да биде соборена и  упатуваат на постоење на нов феномен кој постои надвор од рамките на стандардниот модел за физика на елементарните честички.

Лептонската универзалност претставува едноставно правило според кое интеракциите помеѓу одредени честички се исти, иако тие честички имаат различна маса и времетраење (стапка на распаѓање).

Овие елементарни честички се познат како наелектризирани лептони и тука спаѓаат електроните, муоните и потешките честички, познати како тау честички (тау лептони; тауони).

Врз основа на стапката на распаѓање на електроните и муоните, три научни тима од САД, Швајцарија и Јапонија, откриле дека тау честички се распаѓаат со значително поголема стапка од тоа што го предвидува стандардниот модел.

Иако резултатите добиени во еден експеримент би можеле едноставно да бидат стратистичка грешка, сепак три засебни студии во чии рамки се спроведени експерименти во три различни средини, а се добиени три исти резултати, претставувало големо изненадување за научниците.

Земени заедно, ексериментите се изведени во просек со 99,95 отсто прецизност, изјавиле научниците.

Истражувачите ќе се обидат да утврдат дали се работи за неверојатна случајност (дека се работи за статистичка грешка во сите три експерименти) или дека навистина е во прашање нов феномен во физиката.

„Потврдата на овие резултати ќе укаже на постоење на нови честички или интеракции, односно сили, што може да има длабоки импликации за нашето познавање за физиката на елементарните честки“– наведува  меѓународниот тим од истражувачи во својата студија, што е објавена во списанието „Nature“.

Ова би можело да помогне да се пополнат некои од празнините што постојат во нашите сознанија за Универзумот, вклучувајќи го и тоа како се формира и како делува црната материја.

извор: enauka.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail