Античка профилна слика: Еве како изгледала владетелка која умрела пред 1.700 години

antika.jpg

Научници во Перу успеале да го реконструираат лицето на женска мумија со помош на 3Д принтер. Жената позната под името Дамата од Као умрела пред 1.700 години.

Нејзините зачувани посмртни остатоци се пронајдени во 2006. година во разрушена пирамида, уништени во кал, во близина на Трухиљо.

Научниците успеале да направат реплика од нејзиното лице откако ја анализирале структурата на нејзиниот череп, пренесува Спутник.

Као е погребана со круна и златни и бакарни предмети.

 

Во гробницата во археолошкото пронаоѓалиште исто така е пронајдено оружје, вклучувајќи 23 фрлачи на копје.

Аутопсијата покажала дека била во своите дваесетти години кога умрела, веројатно при пораѓање или при компликации за време на бременост. Нејзиното лице и нозе се тетовирани со магични симболи на змија и пајак.

Предметите со кои е погребана укажуваат на тоа дека можеби била калуѓерка или политички владетел. Ова откритие го демантира верувањето дека само мажи држеле високи позиции во античко Перу.

“Имаме привилегија да ја објавиме оваа чудна комбинација на минато и иднина: технологијата ни овозможи да видиме лице на политички и верски лидер од култура од минатото”, изјавил министерот за култура во Перу, Салвадор дел Солар.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail