Аплаузи за македонскиот “Avec l’amour” во Торонто, следува Минхен…

dionis-pashlakov.jpg

Во ова документарно остварување главниот лик е Дионис, професорот по биологија во средно училиште во Неготино, кој не може да се ослободи од страста кон стари автомобили, која прераснува во колекција од над 100 сочувани или полураспаднати примероци, кои треба да се сместат во идниот музеј, за кој Дионис сонува дека еден ден можеби и ќе го изгради…

Македонскиот документарен филм “Avec l’amour” во режија на Илија Цветковски, кој ја доживеа својата премиера на еден од најпрестижните фестивали за документарен филм Hot Docs Торонто, денеска ќебиде прикажан и на филмскиот фестивал во Минхен.

Во ова документарно остварување главниот лик е Дионис, професорот по биологија во средно училиште во Неготино, кој не може да се ослободи од страста кон стари автомобили, која прераснува во колекција од над 100 сочувани или полураспаднати примероци, кои треба да се сместат во идниот музеј, за кој Дионис сонува дека еден ден можеби и ќе го изгради.

Правејќи торти за неготинските прослави, неговта жена Гоца ја поддржува страста на Дионис, плаќајќи му речиси за секоја негова нова стара кола.

Низ спонтаните и симпатични брачни расправии, поддржани од одличниот саундтрак на Фолтин, се гради филмската љубовна приказна која се вози на запалените мотори од старите автомобили, разоткривајќи ги новите агли на познатите стереотипи…

Околу овие неколку точки се развива приказната на македонскиот документарен филм “Авец л’амоур” кој својата премиера на еден од најпрестижните фестивали за документарен филм во светот – Hot Docs, Торонто ја имаше на 2 мај.

На свечената премиера публиката одговори со преполна сала, овации и аплаузи, исцрпна дискусија со дел од авторската екипа која е на фестивалот, а следниот ден и со одлични критики.<br>На филмот се работеше неколку години, а резултатот го покажа филмскиот фестивал Hot Docs&nbsp;- Торонто, кој го смести во Magnificent Obsessions &nbsp;програмата.

Екипата покрај режисерот Илија Цветковски ја сочинува и продуцентот Атанас Георгиев, чија е и монтажа на филмот. Кинематографери се Драган Паковски и Самир Љума, а музиката е на познатата македонска група Фолтин. За звук беа задолжени Атанас Георгиев и Александар Ѓорѓевиќ.

Филмот во Торонто имаше своја проекција пред публиката и критиката од целиот свет вкупно три пати, на 2, 4 и 7 мај.

На својот фестивалски пат, покрај успешното претставување во Торонто и денешното во Минхен, ќе учествува и на уште многу значајни фестивали за документарен филм во светот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail