Апликација за продажба на користена облека меѓу победничките бизнис идеи на Стартап Викенд Скопје

startap-vikend-idea-lab-696x385-1.png

Во просториите на Инофеит, при Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) изминатиот викенд, по 11-ти пат, беше одржан Стартап Викенд Скопје. На овој настан 50 млади луѓе поддржани од 15 искусни ментори интензивно работеа на нивните креативни идеи. Разработените идеи ги презентираа пред тричленото жири составено од експерти во различни области (дизајн, иновации и информациски технологии).

За победник беше избран тимот на „Еnroll“, кој креираше платформа за градење на поефикасни тимови преку различни активности. Со помош на „Еnroll“ вработените ќе добијат шанса да се поврзат со колеги кои имаат слични интереси, а работат во други одделенија. Главната функција на платформата е поефикасно да ги поврзе вработените, а со тоа да придонесе кон градење и оддржување на подобра компаниска култура.

Второто место му припадна на тимот „Second Chance“ и нивната бизнис идеја за создаваање апликација за продажба на користена облека. Преку апликацијата тие сакаат да ги поврзат сите оние кои имаат непотребна oблека во својот гардеробер со оние кои сакаат да ја купат. Исто така, апликацијата се фокусира и на можноста за подарување облека на ранливи групи луѓе.

Трето место освои тимот на „US+“. Членовите на тимот ја претставија својата идеја за платформа преку која луѓето кои секојдневно патуваат ќе можат да се поврзат и да споделат различни начини на превоз.

Почесно споменување добија тимовите на „Doggy Tinder“ и „Bridge IT“.

извор: Мета.мк

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail