APPLE дава по 250 долари на сите кои ќе се откажат од Андроид

MW-EC253_cook_c_20151230150943_ZH.jpg
Apple ги предизвикува Google на двобој со покренување на нова кампања која потенцијалните корисници на Android ги повикува да се откажат од таа платформа и да преминат во редовите на iOS.
Технолошкиот гигант кампањата ја нарече Switch from Android (Преоѓање од Андроид) и на својот сајт на YouTube објави пет видеа. Во новата кампања Apple дава збор дека животот е полесен со iPhone.
Компанијата нуди и до 250 долари на оние кориснци кои својот стар Android ќе го заменат со производ на Apple, но Samsung Galaxy S6 може да ви донесе само 150 долари.
Повеќе од 81% од светските телефони користат софтвер на Google, во споредба со 18% колку го користат Apple.
Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail