Безжичните AirPods слушалки на Apple станаа достапни за нарачка од онлајн продавницата на компанијата за 159 американски долари. По неколку недели шпекулации за тоа кога тие ќе бидат достапни за купување, сега токму пред божиќните празници, Apple сите ги изненади пријатно. AirPods ќе обезбедуваат до 5 часа во режим на репродукција на музика со висок квалитет на звукот преку „континуирано и автоматско поврзување“ меѓу AirPods и iPhone. За полнење на AirPods ќе служи футрола, која е и станица за полнење која овозможува до 24 часа живот на батериите на слушалките.
Новиот W1 чип кој се наоѓа во внатрешноста на AirPods овозможува непрекината врска со уреди од екосистемот на Apple, така што тие да се поврзуваат во моментот кога ќе се извадат од кутијата. Кога корисникот ќе ги извади слушалките од ушите музиката автоматски ќе паузира. А кога ќе чукне двапати на нив тие ќе го активираат гласовниот асистент Siri.
AirPods доаѓаат со Lightning кабел, кој служи за полнење на футролата,= и тие работат со Apple уреди со iOS 10, watchOS 3 или MacOS Sierra.