Apple спрема луксузен iPhone со кодно име “Ferrari”

https-blueprint-api-production.s3.amazonaws.com-uploads-card-image-325566-daea247d-3467-4b5a-9ca3-3db55da4e69b.jpg

Брендот Ferrari и луксуз, односно престиж, секогаш одат заедно. Затоа луксузниот iPhone, кој според нови извори треба да пристигне наредната година го носи тоа кодно име. Сепак, овој телефон веројатно би бил прилично скап и на останатите корисници, односно оние со поплиток џеб ќе им бидат понудени само подобрени верзии на актуелниот iPhone, кои како и досега ќе имаат наставка “S”.

“S” телефоните ќе имаат само мали промени во однос на актуелните модели, што значи дека дури може да очекуваме повторно ист дизајн со мали промени и подобрувања во брзината на процесорот и квалитетот на камерата. Сепак, според сите најави главната ѕвезда наредната година ќе биде луксузниот iPhone кој ќе донесе голем број на новитети во гамата.

Како што и претходно најавивме овој модел веројатно ќе има P-OLED дисплеј и целосно нов дизајн со многу мала рамка на краевите и веројатно и “Edge” дисплеј како кај моделите на Samsung. Интересно најавено е дека ова ќе биде и првиот паметен телефон на кој матичната ќе биде поделена на два дела.

Сепак, ова нема да биде направено за телефонот да може да се витка туку најверојатно за да остане тенок и покрај тоа што рамката околу дисплејот ќе биде многу мала. Идејата е веројатно батеријата да се вградува меѓу двата поврзани делови на матична плоча, но тоа е само една лична претпоставка.

Новиот iPhone веројатно ќе има и ново именување. Имено, овој модел сигурно нема да се вика iPhone 8 бидејќи другите два модели ќе бидат iPhone 7S и 7S Plus и би било чудно да има две генерации на модели во исто време. Според тоа Apple најверојатно би искористил некој додаток на името кој ќе ја нагласи луксузната страна на моделот.

Сето ова земете го со задршка, бидејќи има уште многу време додека бидат претставени новите iPhone-и. Поточно, ова можеби се точни информации, но Apple уште е само во развојна фаза каде се испитуваат неколку различни прототипови и може да се случи ниту еден од тие за кои јавуваме да не пристигне на пазарот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail