farmacevti.jpg

Фармацевти (аптекари), се бараат во Славонија, но иако се нуди почетна плата од речиси 1.500. евра, никој не сака да работи во Осијек. Магистри по фармација во Славонија и Барања нема ниту за лек, па мораат да ги бараат во сосседна Босна и Херцеговина, а за работа се распрашуваат и Бугари и Македонци, пишува Глас Славоније.

„Немаме доволно домашни стручњаци од тој профил, па за работа кај нас ссе распрашуваат Бугари и Македонци. Најмалку десетина магистри по фармација моментално се бараат на подрачјето на градот Осијек и Осијечко-барањската жупанија. На пример, една аптека во последниот конкурс бараше пет аптекари. Кај приватниците иста ситуација“, вели еден сопственик на аптека, која бара магистри по фармација за работа во Осијек и Винковци, пишува порталот.

Тој додава дека постојано бараат фармацевти и имаат распишано огласи, но знаат дека таков кадар тешко се наоѓа и покрај тоа што платата која ја нудат е значително повисока од просекот во цела Хрватска.

Просечната плата во овој сектор, според порталот „Мој Посао“ е околу 1.100 евра.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail