Арапите го решаваат својот најголем проблем со санти мраз од Антарктикот

santa-mraz.jpg

Обединети Арапски Емирати пронајдоа решение за снабдување со вода за пиење. Тие планираат да носат санти од брегот на Антарктикот.

За снабдувањето со чиста вода од мраз ќе биде задолжена компанијата „National Advisor Bureau“, која ќе ги носи сантите до брегот Фуџејра во ОАЕ.

Директорот на компанијата оценува дека еден глечер ќе биде доволен за еден милион луѓе да пијат вода пет години. Глечер со просечна големина содржи повеќе од 80 милијарди литри вода, што е доволно за преживување на еден милион луѓе над пет години.

Компанијата предвидува дека ќе им треба една година да донесат глечер во ОАЕ, а проектот треба да почне следната година.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail