Археолози во емисија во живо наишле во саркофаг неверојатно зачувана мумија (ВИДЕО)

mumija.jpeg

На древните гробишта јужно од Каиро била пронајдена мумија на висок свештеник, стара 2.500 години.

Египтологот Захи Хаваш и неговиот тим отвориле три запечатени сакрофази. Во еден од нив се наоѓала добро сочувана мумија од моќен свештеник, замотан во лан, со златна статуа од божицата Изида.

Во преостанатите сакрофази тимот пронашол женска мумија украсена со сини перли и татко во семејна гробница.

Пронајдокот е откриен во живо на каналот “Discovery” во неделата. Тимот на гробиштата во Мињ исто така пронашол ретка восочна глава. Археолозите го откриле локалитетот пред една и пол година, а ископувањата продолжуваат.

“Навистина верувам дека овој локалитет треба да се пребарува уште најмалку 50 години”, рекол Хаваш ден пред отворањето на саркофагот. Тој очекува на тоа место да бидат откриени уште гробови.

Хаваш потсетил дека во 1927-ма година на тоа подрачје бил пронајден огромен саркофаг кој бил сместен во Египетскиот музеј во Каиро, но дека локалитетот потоа бил заборавен.

Меѓутоа, пред две години, неовластен копач бил забележан на локалитетот, што било знак за археолозите и ископувањето почнало, рекол Хаваш.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail