Археолозите го бараат телото на легендарниот крал

kral.jpg

Пред точно 580 години кралот Џејмс Први од Шкотска го убиле група луѓе во тунел пред манастир во кој се обидел да им побегне.

Бил прободен со нож неколку пати и најверојатно искрварил до смрт.
Меѓутоа, неговата гробница времето ја сокрило, а истражувачите и археолозите се обидуваат да ја најдат.

Гробницата ја бараат во подземјето на шкотскиот град Перта, а ако успеат да ја најдат, на тоа место ќе се изгради виртуелен музеј.

„Тоа е како Игра на троновите и Аутлендер во едно, со таа разлика што оваа приказна е вистинска” – вели водачот на проектот од Уметничкото училиште во Глазгов.

Тој додава дека кралот, познат и како поет, музичар и спортист, работел на тоа Перт да го направи престолнина на Шкотска и дека неговата смрт за секогаш ја променило таа земја.

Џејмс Први од Шкотска е закопан во гробница во манастирот Чартерхаус, но тој манастир целосно е уништен во текот на периодот на реформацијата.

Истражувачите се надеваат дека ќе успеат да ги најдат остатоците од манастирот и виртуелно да го реконструираат комплексот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail