Археолозите наишле на големо откритие и тоа на спектакуларен начин: Богот на виното чекал 2.000 години во срцето на Рим да биде пронајден

W222r-1866571-epa-miunicipality-of-rome-03-epa-municipality-of-rome-handout-2-ls.jpg

Во срцето на италијанската престолнина, во близина од остатокот од древниот Римски форум, археолозите наишле на неверојатно откритие, на уште поневеројатен начин.

Имено, убаво сочуваната мермерна глава, најверојатно од богот Дионис била пронајдена така што археолозите буквално се сопнале од неа.

Уште не е прецизно утврдено на кого “му припаѓала” оваа глава, но се верува дека прикажува божество, и дека е од царскиот период.

Оваа бела мермерна глава е нешто поголема од човечката. Градското собрание првобитно тврдело дека станува збор за глава од божица, но експертите од Археолошкиот парк Колосеум се двоумат околу тие тврдења.

Во наредното соопштение било наведено дека ова би можело да биде “млад и женствен” приказ на Дионис, грчки бог на виното, екстазите и плодноста, или неговиот римски пандан, Бахус.

“Површината на ова откритие уште не е во целост видлива бидејќи не е прецизно исчистена, но мислиме дека постојат траги од оригиналната боја во појасот околу косата”, рекол еден од експертите.

Римската градоначалничка на својата Фесјбук страна ова откритие го опишала како “единствено”.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail