Се очекува на свеченоста утре да присуствува кинескиот претседател Си Џинпинг, заедно со највисоките функционери на Хонг Конг и градот Макао, а мостот во среда ќе биде отворен за сообраќај.

Мостот долг 55 километри требаше да биде отворен во 2016 година но сѐ беше одложено поради непланирани проблеми. Мостот е клучниот дел од кинеските планови за формирање крајбрежен регион кој ќе обедини 11 градови на југот на земјата, вклучувајќи ги Хонг Конг и Макао, во кои живеат 68 милиони луѓе.

Заговорниците на таа идеја велат дека сега меѓу двата града ќе се патува само три и пол часа, и дека тоа ќе им овозможи на оние кои патуваат за работа, но и на туристите, полесно да се движат низ тој регион.

Сепак, сопствениците на возила во Хонг Конг нема да можат да минат преку мостот без специјална дозвола, туку ќе мора да се паркираат во пристаништето и да преминат во автобус или специјално изнајмено возило кога ќе ја минат контролата.

Изградбата на мостот беше остро критикувана во Хонг Конг, каде сметаат дека градот ќе биде преплавен од туристи од континентална Кина. Хонг Конг во 2016 година го посетиле 56,7 милиони туристи.

Критичарите на кинеските власти сметаат и дека мостот му служи на Пекинг да го „стегне обрачот“ околу Хонг Конг, кој може да се пофали со полудемократски закони и независно судство, а каде има голем број протести во изминатите години.

Мостот е изграден од 400.000 тони челик, 4,5 пати повеќе од мостот Голден гејт во Сан Франциско, и изграден е да издржи земјотреси од осум степени по Рихтеровата скала, супертајфуни и удари од големи бродови.

Има и 6,7 километри долг тунел за избегнување на гужвите преку Бисерната река. Тунелот се протега преку два вештачки острови од по 100.000 квадрати, сместени во плитки води.

Иако е голем инженерски потфат, мостот предизвика и други контроверзии. Во Бисерната река живеат кинеските бели делфини, кои се загрозени од спроведувањето на градежните работи и прекројувањето на теренот, а експертите предупредуваат дека тој загрозен вид поради изградбата на мостот, како и проширувањето на аеродромот во Хонг Конг, може да исчезне од лицето на земјата.

Властите во Хонг Конг наредија изградба на четири водени паркови за да ги заштитат делфините и други морски животни, но некои експерти сметаат дека е предоцна да се санира штетата која изградбата на мостот веќе ја направила.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail