arktik2.gif

Арктик, наместо чистата бела пространост, поради рекордното топење на мразот сега е покриен со зеленило, пренесува „Independent“.

Овој феномен е резултат на масовниот развој на планктони под се потенките слоеви мраз, покажува новото истражување.

Феноменот за прв пат бил откриен во 2011-та година и научниците заклучиле дека се повисоките температури толку многу го стопиле мразот, што сега тој пропушта светлина.

За само неколку децении, температурата пораснала за 11 степени. Во списанието „Science Advances“, е објавено истражувањето кое покажува дека околу 30% од Арктичкиот океан пропушта светлина, додека пред 20 години, пропуштал само 3 или 4%.

Во последните неколку децении дошло до неверојатна стапка на растење на температурите, па така островот Спитсберген сега е потопол за 11 степени Целзиусови отколку што бил помеѓу 1961-ва и 1990-та година.

“Екосистемот се менува, храната е се помалку достапна за животните”

Научникот Крис Хорват од Универзитетот на Харвард изјавил: “Слојот мраз на Арктикот се разредил за 1 метар во изминативе 30 години, што значи дека драстично е променета екологијата во оваа област..”

“Екосистемот сега функционира поинаку, храната се појавува во различни времиња и на места кои се помалку достапни за белодробните животни..”

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail