Асистент за финансиско известување и планирање

acibadem-sistina.jpg

Клиничката болница „Аџибадем Систина” има потреба од:

АСИСТЕНТ ЗА ФИНАНСИСКО ИЗВЕСТУВАЊЕ И ПЛАНИРАЊЕ (еден извршител)
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

Асистентот за финансиско известување и планирање учествува во подготовка на годишниот буџет и бизнис план, како и контрола на нивната реализација, врши набљудување на поставените системи за контрола, дизајнирани со цел да ги штитат средствата на Болницата, како и да обезбедат известување на точни финансиски резултати, врши контрола на сметководствената евиденција, a подготвува и периодични менаџмент и финансиски извештаи.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ПОЗНАВАЊА

  • Диплома за завршени додипломски студии по финансии или економија;
  • Минимум три години работно искуство во ревизорска куќа или во оддел за контрола, финансиско известување или буџетирање (искуство во интернационална фирма ќе се смета за предност);
  • Познавање на МСФИ и локалната даночна регулатива;
  • Одлично познавање англиски јазик (зборување, читање, пишување);
  • Одлично познавање MS Excel;
  • Способност за тимска работа и управување со повеќе работи истовремено, како и почитување приоритети и крајни рокови;
  • Висока работна етика;

Огласот е отворен 5 дена. Апликациите треба да бидат доставени на е-пошта: hr@acibademsistina.mk или по пошта на: Клиничка болница „Аџибадем Систина”, ул. Скупи 5А, 1000 Скопје.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail