АСИСТЕНТ ЗА МАРКЕТИНГ

FARMACEVT-I-FARMACEVTSKI-TEHNICHAR-SKOPJE.jpg

АСИСТЕНТ ЗА МАРКЕТИНГ

ЗЕГИН ФАРМ е првата приватна  компанија во Република Македонија регистрирана за продажба  на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема  дистрибутивна мрежа, секогаш сме во потрага по талентирани професионалци кои сакаат да станат дел од нашето професионално семејство.

Позицијата вклучува:

  • Креирање, имплементација и следење на онлајн и офлајн кампањи
  • Развивање на маркетинг стратегија во согласност со целите на компанијата и следење на успешноста
  • Следење на светските трендови во маркетинг сферата
  • Координирање со надворешни маркетинг лица и агенции за дизајн
  • Предложување и следење на маркетинг буџет и активности на социјални медиуми
  • Активно водење според моделот plan, do, review.
  • За координирање и за одговорноста за својата работа одговара пред Менаџерот на маркетинг.

 Профил на кандидат:

  • Задолжително работно искуство во маркетинг, искуство од минимум 2 години
  • Познавање од областа на медицина
  • Добри комуникациски вештини
  • Систематичност, организираност, иницијативност
  • Одлично познавање на работа со MS Office Suite и Internet
  • Одлично познавање на англискиот јазик (усно и писмено)
  • Флексибилност и ориентираност кон пронаоѓање на решенија

Доколку  сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување, како и професионални компетенции за успешно да работите во областите наведени погоре, Ве молиме испратете пропратно писмо и биографија на македонски јазик со ознака  Асистент за маркетинг на [email protected]. Само кандидатите кои во целост ги исполнуваат критериумите ќе бидат контактирани.

Извор: kariera.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail