Aspark Owl е во салон, три милиони евра парче

Aspark-Owl-e-vo-salon-tri-milioni-evra-parche.jpg

Aspark Owl е во салон, три милиони евра парче

Сцената подолго време се одушевува на јапонскиот автомобил Aspark Owl. Изложувањето на ова исклучително возило во салон во Осака го одбележува официјалниот почеток на продажбата. Болидот во исто време се појави и во салон во Безансон и Мајами.

Компанијата во меѓувреме склучи договори со неколку ексклузивни дилери во Северна Америка и во Европа. Хиперспортскиот автомобил со електричен погон постигнува крајна брзина од 400 километри на час. Тоа се постигнува со моќноста од 1.480 киловати, односно 2.012 КС.

Има голема симболика во тоа што автомобилот носи име „був“. На тркачката патека во Мизано, Италија, безшумниот и невпечатлив Owl се докажа како најбрз спринтер во светот. Од место до 60 милји на час (96 km/h), јапонскиот болид спринтуваше за 1,72 секунди.

Инженерската компанија Aspark ќе изработи 50 примероци од Owl. Производството ќе се одвива во светскиот центар на малите каросериски и дизајнерски работилници, во Торино. Цената на возилото изнесува околу три милиони евра.

https://www.instagram.com/p/CJYFDpZJpFw/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/B9kAG1DoN7E/?utm_source=ig_embed

Извор: kurir.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail