Астрономите детектирале чудни сигнали кои доаѓаат од магловита ѕвезда

meteor-640x427.jpg

Астрономите велат дека детектирале „чудни сигнали“ кои доаѓаат од правецот на една мала магловита ѕвезда, оддалечена околу 11 светлосни години од Земјата.

Сигналите биле детектирани на 12 мај во опсерваторијата Аресибо во Порторико.

Радио сигналите доаѓале од Рос-128 (Ross 128)-ѕвезда црвено џуџе, која е 2.800 пати помала од Сонцето, но не се знае дали околу неа се движи некоја планета.

Абел Мендез, астробиолог од Универзитетот Порторико во Ареибо вели дека ова ѕвезда била набљудувана 10 минути и дека за тоа време сигналот бил „речиси периодичен“.

Мендез вели дека е малку веројатно сигналот да е испратен од „интелигентен вонземски живот“, но истакнува дека таа можност сѐ уште не може да се отфрли.

Групите „SETI“ (Search for Extraterrestrial Intelligence – трагачи по вонземна интелигенција) знаат за сигналите вели Мендез за „Business Insider“, но додава дека најверојатно сигналите потекнуваат од нешто што го испратиле луѓето во вселената, на пример некој заскитан сателит.

„Видокругот на Аресибо е доволно широк, така што постои можност овие сигнали да не се предизвикани од ѕвезда, туку од некој друг објект во видното поле“, наведува Мендез и додава дека некои комуникациски сателити ги емитуваат фрекфенции кои ги набљудувавме“

Друга можност е сигналите да потекнуваат од ерупции на ѕвездите – изливи на енергија од површината на ѕвездата.

Мендез вели дека од 16-ти јуни ја набљудуваат ѕвездата и нејзиното опкружување и дека ќе биде успех ако повторно ги детектираат сигналите.

„Ако не ги добиеме сигналите повторно, мистеријата ќе биде уште поголема“– вели Мендез.

Тој вели дека другите радиотелескопи можеби не се доволно сензитивни за да ги детектираат сигналите – освен еден, кинескиот телескоп „FAST“ (Five-hundred-meter Aperture Spherical radio Telescope).

Но, „FAST“ во моментов не е во функција, бидејќи се калибрира и не се знае кога ќе биде повторно вклучен

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail