Астрономите загрижени, најавуваат и последици: Има премногу сателити во Земјината орбита!

sateliti-zemja.jpg

Сателитите во ниската орбита би можеле да им попречат на научниците кои од Земјината површина ги надбљудуваат вселенските тела, а ќе бидат загрозени и вселенските телескопи.

Илон Маск и неговата компанија SpaceX неодамна ја лансираа првата флота на сателити Starlink кои се направени за глобална дистрибуција на сателитски интернет. Лоша вест е тоа што SpaceX не е единствената компанија која ќе испрати стотици помали сателити во ниската Земјина орбита.

Веќе за такво нешто се подготвува и Amazon, кинеската влада исто така има намера да лансира своја флота на сателити, а истото ќе го направат и неколку телекомуникациски компании кои настојуваат да овозможат глобално достапен евтин интернет.

Резултат на тоа ќе бидат илјадници сателити во ниската Земјина орбита кои на астрономите ќе им предизвикуваат големи проблеми. Според нив, големиот број на вакви сателити би можеле да ја забават целата гранка на човечкиот научен напредок.

Најнапредните телескопи користат исклучително чувствителни сензори кои ја препознаваат бојата на оддалечените вселенски тела и на тој начин го откриваат нивниот хемиски состав. Поради метежот“ над Земјата која ќе биде преплавена со сателити, тоа во иднина ќе стане многу потешко.

Научниците предупредуваат дека вселенскиот интернет ќе биде и извор на голема количина на зрачење и иако тоа нема да биде штетно по Земјата и луѓето, може да им попречува на бројни инструменти во орбитата кои ќе пренесуваат погрешни податоци на Земјата.

Со лансирањето на бројните сателити, покрај тоа што ќе биде загрозена работата на телескопите, а со тоа и новите астрономски откритија, научниците предупредуваат дека сателитите би можеле и да ги „уништат“ романтичните заоѓања на Сонцето.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail