Астрономски феномени во 2018 година – Пет затемнувања, три комети и супер Месечина

astronomski-fenomeni.jpg

Серија од пет затемнувања, меѓу кои најдолгото по сто години и три комети, ќе набљудуваат жителите на различни страни во светот во 2018 година.

Новата година ќе започне со Супер Месечината на првиот ден.

Според експертите од Институтот за применета астрономија при Руската академија на науките ќе има неколку сончеви и лунарни затемнувања, кои се повеќе од вообичаени за една година.

На 27 јули ќе има затемнување на Месечината со најдолго траење по еден век. Тоа е условено од фактот дека тогаш центарот на месечината и центарот на сенката на Земјата ќе се совпаѓаат. Во моментот на затемнување, Месечината, Земјата и Сонцето ќе бидат во една линија, а нашата планета ќе биде сместена помеѓу Сонцето и Месечината и ќе го засолни својот природен придружник од сончева светлина. Овој феномен ќе започне на 27 јули, во 20:13 часот, кога сенката на земјата ќе ја допре месечината. Целосната фаза на затемнувањето ќе продолжи од 22:30 на 27 јули до 01:14 на 28 јули.

Постојат две делумни сончеви затемнувања на 13 јули и 11 август и полна месечина на 27 јули. Во следните 12 месеци може да се набљудуваат три светли комети и два ноќни метеорски дождови.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail