AT&T и GE ќе инсталираат паметни улични светла

maxresdefault.jpg

Два најголеми проблеми кои може да се решат со паметни решенија се сообраќајниот метеж и јавната безбедност, а AT&T и GE сакаат и двата проблеми да ги решат одеднаш преку партнерство фокусирано на изработка на паметни улични светла.

AT&T ја претстави амбициозната програма Smart Cities на Саемот за електроника во Лас Вегас во јануари годинава, но сега знаеме и што вклучува таа програма. Телеком компанијата потпиша договор со енергетската компанија GE за инсталирање на сензорите Current CityIQ во светилки во повеќе градови во САД, почнувајќи од Сан Диего. Целта е не само да се обезбеди паметно осветлување, туку и да се следи текот на сообраќајот, паркирањето, квалитетот на воздухот, итни временски промени и дури и пукањето со пиштол.

Инсталацијата на сензорите во Сан Диего че ќини 30 милиони долари. Вкупно 14.000 ЛЕД светилки ќе ги намалат трошоците за осветлување на градот за околу 2,4 милиони долари, а 3.200 сензори со камери и микрофони ќе овозможат и конектирање на мрежата на Интернетот на нештата. AT&T ќе функционира како носител на податоци и ќе овозможи безбедно конектирање.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail