Во градот Харбин, престолнина на провинцијата Хеилонгјанг во североисточна Кина, отворен е хотел чии простории и тераси гледаат на ограден простор со бели мечки.
Организациите за заштита на животните веднаш изразиле незадоволство и ја осудиле злоупотребата на животните.

На снимките се гледа дека просторот во кој живеат ови загрозени животни е без мраз, кој е дел од нивното природно опкружуање, како и дека е осветлен со силни рефлектори кои никогаш не се исклучуваат.
Организациите за заштита на животните апелирале до гостите и патниците да не престојуваат во тој хотел кој профитира од ‘мачење животни’, пренесува лондонскиот „Гардијан“.

„На белите мечки местото им е на Северен пол, а не во стаклен кафез без мраз, посебно не во хотел“, порачала една активистка.
„Панорамски затвор за поларни мечки. Зарем и понатаму не сфаќаме што значи суровост кон животните?“, прашал еден новинар.
Научниците предвидуваат дека поларните мечки целосно ќе исчезнат до 2100-та година.
Извор: kurir.mk