Audi ги подига критериумите со новиот Audi Q2 Edition #1

A168532_medium.jpg

Audi ја носи играта на ново ниво на промоцијата на новиот компактен SUV со карактеристичен спортски изглед. Audi Q2 Edition #1 е со ексклузивна квантно сива боја, црна и менхетен сива боја на екстерните детали, 19 инчни тргкала и долга листа на стандардна опрема. Клиентите можат да почнат со нарачки веќе од почетокот на септември.

Audi Q2 Edition #1 има линија на екстериерот во Ѕ line oprema со спортски браници како и карактеристичен дифузер. Уникатни моменти кај специјалната едиција се деловите додатоци во менхетен сива боја на долниот дел на автомобилот. Тие го потенцираат робустниот изглед на компактниот SUV. Сјајно црниот C столбот, кој го носи знакот со четирите бели прстени, и црните екстериерни носачи за огледалата се исто така ексклузивни детали кај оваа специјална едиција. Истото се однесува на бојата на самото возило, која е популарно позната како квантно сива. Зависно од тоа како ја допира светлината, бојата знае да биде хомогена сива па да оди се дотаму да изгледа како емулирање на игра на светлини и сенки.

Ексклузивниот Audi титаниумски црн пакет посебно се истакнува во пределот околу решетката и браникот. Црните 19 инчни тркала со петорачен роторски дизајн потекнуваат од Audi спорт. Стандардните LED предни светла како и задните кои се со динамички трепкачи – го заокружуваат технолошки супериорниот нов изглед на Audi Q2 Edition #1.

Ентериерот на специјалното издание импресионира со екстравaгантните детали од дизајн-селекцијата на Audi. Спортските седишта кои може да се наместат во зависност од висината на патникот, мултифункционалниот спортски волан обложен со кожа и алуминиумскиот праг на вратите со S line знак се стандард. Седиштата се прекриени со комбинација на ткаенина и кожа во црна боја и амарето додека горниот дел е титинаумски сив.

Навечер, амбиеталниот светлосен пакет атрактивно го потенцира ентериерот на автомобилот. LED светлото го оплеменува панелот со инструменти на централната конзола. Тие светат со субтилна, хомогена светлина а возачот може да ја избере една од десет бои преку MMI системот.

Audi Q2 Edition #1 е достапен со сите варијанти на мотор. Продажбата започнува од почетокот на септември.

Потрошувачка на гориво

Audi Q2 Edition #1 1.4 TFSI COD (110 kW):
Комбинирана потрошувачка на гориво (l/100 km): 5.7;
Комбинирана CO2 емисија (g/km): 130

Audi Q2 Edition #1 1.4 TFSI COD S tronic (110 kW):
Комбинирана потрошувачка на гориво (l/100 km): 5.5
Комбинирана CO2 емисија (g/km):  125

Audi Q2 Edition #1 1.6 TDI (85 kW):
Комбинирана потрошувачка на гориво (l/100 km): 4.6
Комбинирана CO2 емисија (g/km): 120

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail