Аутистично девојче го испеа познатиот хит: Необичниот подвиг дава надеж за овие деца

de-1.jpg

Девојче (10) од Ирска ги освои срцата на илјадници луѓе ширум светот откако се појави видеото како таа пее во школскиот хор. Снимката на која хорот ја пее песната „Алелуја“ од Леонард Коен, е направена на божиќната претстава во училиштето и за неколку дена имаше над 170 илјади прегледи.

Кајли Роџерс (10) има аутизам и хиперкинетичко пореметување, но пеењето и помага да ја изгради самодоворбата.

Според НАС (Национално Аутистично Друштво) аутизмот е пореметување во развојот кое влијае на нашиот однос и комуникацијата со други луѓе. Што се однесува до хиперкинетичкото пореметување, симптомите на оваа болест се пренадразливост, хиперактивност и импулсивност.

Кајли го воодушеви луѓето ширум светот, а за тоа сведочат и стотиците коментари во кои се фалат нејзините пејачки способности.

-Има преубав глас. На Коен ова би му се допаднало – гласи еден од коментарите. Учителката на Кајли вели дека по оваа снимка се гледа колку Кајли напредувала откако дошла во училиште.

-За дете кое дојде со оваа дијагноза, која не сакаше ниту да зборува, ниту да чита, да застане и да изведе перформанс пред публика навистина е чудо. И беше потребно многу труд за такво нешто, рече Колин Милар, директор на училиштето.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top